Јолевски во дводневна посета на Босна и Херцеговина

20.10.2016 10:33

Министерот за одбрана ќе се сретне и со претседавачот на заедничката комисија за одбрана и безбедност на парламентарното собрание, со командантот на Еуфор, а ќе го посети и тренинг центарот за меѓународни операции.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски е во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе има средба со неговиот домаќин Марина Пендеш.

Тој ќе се сретне и со претседавачот на заедничката комисија за одбрана и безбедност на парламентарното собрание, со командантот на Еуфор, а ќе го посети и тренинг центарот за меѓународни операции.

Јолевски ќе положи и свежи цвеќиња на споменикот на припадниците на АРМ, кои, како дел од мисијата Алтеа, загинаа во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце.