Конференција по повод 1.100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски

20.10.2016 10:43

На конференцијата ќе учествуваат научници и теолози од универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.

Меѓународна конференција „Свети Климент Охридски- Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, се одржува денеска во Охрид по повод 1.100 години од упокојувањето на светителот, ученик на светите браќа Кирил и Методиј.

На конференцијата ќе учествуваат научници и теолози од универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.

На собирот ќе се обратат претседателот Иванов, ректорот на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, јанкуловски, и архиепископот охридски и македонски стефан!