Спречен обид за криумчарење мигранти
Припадниците на Воента полиција акцијата ја спроведоа со примена на тактики, техники и процедури, при што спречија обид за нелегално минување на 11 странски државјани од кои 6 се деца.

Припадниците на АРМ од составот на баталјонот на Воена полиција во раните утрински часови во близина на браната Паљурци на правецот кон Богданци, успешно спречија обид за криумчарење на мигранти во моторни возила кои биле управувани од македонски државјани.
Припадниците на Воента полиција акцијата ја спроведоа со примена на тактики, техники и процедури, при што спречија обид за нелегално минување на 11 странски државјани од кои 6 се деца.
Согласно надлежностите, возилата со возачите и нелегалните минувачи се обезбедени и предадени на надлежните органи од МВР во чија надлежност е понатамошната постапка.
Успешно изведената акција е класичен пример за високиот степен на обученост и професионализам на припадниците од Воената полиција, кои во рамките на нивните овластувања ги извршуваат доделените задачи за поддршка на органите на МВР во обезбедување на државната граница, соопштија од АРМ.
