Предизвици и перспективи на истражувачкото новинарство
Истражувачкото новинарство во македонија е на ниско ниво, новинарите се соочуваат со пречки, последици и притисоци. Потребно е подигнување на свеста за слободата на говорот, заклучок од конференцијата „Нова генерација истражувачки новинари – предизвици и перспективи“ во организација на Центарот за управување со промени. Проектот е финансиран од Европската унија.

Истражувачкото новинарство во Македонија се соочува со големи предизвици. Новинарите се попречуваат при својата работа, тешко стигнуваат до вистината и уште потешко ја пласираат во јавноста - заклучок од конференцијата „Нова генерација истражувачки новинари – предизвици и перспективи“. Овој проект е во организација на Центарот за управување со промени, со поддршка од Европската унија и Британската амбасада. Целта е да се едуцираат млади новинари. Организаторите им порачаа да бидат упорни и истрајни на патот до вистината.
Претседателката на Институтот за човекови права смета дека слободата на говорот во земјава не е на завидно ниво, а посебно новинарите не смеат да се ограничуваат.
Во проектот се вклучени 250 студенти по новинарство, а најдобрите три истражувачки стории ќе бидат објавени во некои медиуми.
Викторија Милевска
