Левица: Да се формира кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за нејзина изолација

25.10.2016 16:20

Партијата Левица им предлага на другите учесници на изборите да потпишат меморандум против колицирање во влада во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ. Објаснуваат дека оваа партија е креатор на владејачките политики кои 10 години ја упропастуваат Македонија. Либералите го поздравија ваквиот став и посочија дека така ќе бидат пресретнати, како што велат, сите обиди на десницата за изборен инженеринг...

Потребно е формирање кордон околу владејачката ВМРО-ДПМНЕ за нејзина изолација, велат од Левица. Оттаму повикаа сите опозициски партии и оние од  албанскиот блок да потпишат заеднички меморандум, со што ќе и кажат на јавноста дека нема ниту да учествуваат, ниту да поддржат влада во која учествува ВМРО-ДПМНЕ, креаторот на 10 годишното пропаѓање на земјава

Либералите, го поздравија ваквиот став на Левица. Претседателот на паријатата Величковски потенцира дека е добро што дел од опозициските партии сфатиле какво е значењето на јавната декларација, со која  би биле пресретнати сите обиди за изборен инженеринг на десницата.

Величковски смета дека на овие избори им е потребен јасен изборен резултат и пораз на власта, а не избори како повод за широки коалиции и продолжување на кризата.

 

Фиљана Кока