17- годишниот Марко меѓу најдобрите Мајкрософт специјалисти

25.10.2016 16:42

Деветти од 120 натпреварувачи во финалето. 17- годишниот Марко Марковиќ, средношколец од Скопје, постигна голем успех на светскиот Мајкрософт шампионат во Орландо. Во конкуренција од вкупно 700 илјади ученици, Марковиќ заврши во првите десет и покажа завидни познавања во делот на информатиката...

Седумнаесет годишниот Марко го оствари својот сон- меѓу десетте најдобри Мајкрософт специјалисти на шампионатот во Орландо. Роден во дигиталната ера, жеден за знаење, амбициозен, талентиран, ученикот од „Раде Јовчевски- Корчагин“, меѓу 750 илјади учесници од целиот свет ја позицонира Македонија на деветтата позиција. Вели- со љубов работам на секој предузвик од информатичките технологии.

Времето е ограничено, агендата голема, но не е тешко да се усогласат информатичките истражувања, училишните обврски, забави и дружења- вели овој млад талент, кој себеси се гледа како успешен информатичар во ИТ бизнисот. Темпераментни, разговорливи, млади но стручно потковани, овие момчиња секогаш имаат муабет, тимот најдобри на националниот натпревар што претходеше на светскиот шампионат во Америка. Расте бројот на млади носители на развојот на информатичките технологии.

За младите, поле на истражување, за повозрасните информатичките технологии професија со најголема заработка во Македонија. Редовно барани и од домашните и од странските компании, дефицитарни се на пазарот на работна сила.

 

Сузана Фиданска- Стоевска