Орден за заслуги за Македонија за НУ Драмски театар - Скопје
26.10.2016 08:35
НУ Драмски театар – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“ по повод 70 години од неговото основање...
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Националната установа Драмски театар – Скопје.
НУ Драмски театар – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“ по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското драмско творештво, со што исклучително придонесе за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот.
