Коалицијата за промени и правда го формира Централниот изборен штаб
26.10.2016 12:29
На одржаната средба било договорено да се започне постапката за предлагање кандидати за пратеници, утврдена е предлог- изборната програма, за која велат дека дава приоритет на економскиот развој и на стандардот на граѓаните.

Коалицијата за промени и правда, во која се Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО- Работничка партија, соопшти дека го формирале Централниот изборен штаб.
На одржаната средба било договорено да се започне постапката за предлагање кандидати за пратеници, утврдена е предлог- изборната програма, за која велат дека дава приоритет на економскиот развој и на стандардот на граѓаните.
Во врска со окрупнувањето на Коалицијата велат дека се отворени за соработка, но на принципиелни програмски определби.
