„Транспаренси интернешнел“: Недозволиво е да се игнорираат ревизорските извештаи
„Транспаренси интернешнел“ ги повикува надлежните инситуции да постапат по наодите од конечниот извештај на овластениот Државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерството за образование и наука ...

Невладината „Транспаренси интернешнел“ ги повикува надлежните инситуции да постапат по наодите од конечниот извештај на овластениот Државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерството за образование и наука на сметката на основниот буџет за 2015-та година, според кој се констатирани бројни неправилности при вработување лица и ненаменско трошење на јавните пари кои ова Министерство ги имало на располагање.
Транспаренси смета дека е недозволиво да се игнорираат ревизорските извештаи и поради тоа бара надлежните институции што поскоро да ги испитаат наводите од нив и да преземат соодветни чекори кон лоцирање на одговорност за сторените неправилности.
