Се одржа првиот академски час на универзитетот „Мајка тереза“
Се одржа првиот академски час на унивезитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Шестиот државен универзитет има пет факултети- технички науки, градежништво и архитектура, технолошки науки, информатика и социјални науки. Вкупно 14 студиски програми ќе бидат предавани на албански, англиски и македонски јазик. Според ректорот Азис Положани, неговото основањето е оправдано бидејќи треба да се обезбедат соодветни работници за пазарот на труд. За новиот универзитет од буџетот се издвоени 80 милиони денари.

Со химна, свечено, почна да работи Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Предавањата на петте факултети – за технички науки, градежништво и архитектура, технолошки науки, информатика и за социјални науки ќе се оддржуваат во зградата на Сојузот на синдикати на Македонија и на Штуловиот Универзитет во Скопје, бидејќи новоформираниот универзитет нема сопствен објект. На првиот академски час имаше повеќе предавачи отколку бруцоши. Нема информација за бројот на студентите што се запишале на оваа вискообразовна институција. За ректорот Положани тој е на ниво на очекувањата.
Во тек е конкурс за прием на наставен кадар. На првиот оглас, аплицирале 170 кандидати, а од нив се избрани 45 кои ги исполнуваат условите. На реакциите на експертската јавност дека нема потреба од основањето на овој 6-ти државен универзитет, ресорниот министер одговара дека ова е оправдан потег.
Наставата ќе се организира на 9 студиски програми од вкупно 14 акредитирани. Предавањата ќе бидат на албански, англиски и македонски јазик. Одлуката за основање беше донесена при крајот на минатата година. За новиот универзитет од буџетот се издвоени 80 милиони денари.
Наташа Јанчиќ
