ДИК ќе го стави на увид Избирачкиот список

28.10.2016 08:45

Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа или престој во странство.

Државната изборна комисија денеска ќе го стави на увид избирачкиот список, при што граѓаните ќе можат да извршат проверка на запишаните податоци. Увидот, како што е предвидено со Роковникот на Комисијата, ќе заврши на 11 ноември. Десет дена подоцна, односно на 21 ноември ДИК треба да го заклучи списокот, а на 1 декември и да го потпише. 

Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа или престој во странство.

Вчера заклучно до 14 часот вкупно 2.099  граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.

Од нив, како што соопшти ДИК, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.