Недостига изборен материјал од ДИК

28.10.2016 10:15

По пописот на избирачкиот материјал било увидено дека недостигаат 40 печати кои се чувале во касарната во Илинден.

Државната изборна комисија изврши вонредна пописна комисија во касарната Илинден. Недостигал изборен материјал, но членовите на ДИК од ВМРО- ДПМНЕ не биле запознаени со активноста на оваа вонредна пописна комисија.

По пописот на избирачкиот материјал било увидено дека недостигаат 40 печати кои се чувале во касарната во Илинден. Ги нема печатите за дел од избирачки места во Сопиште, Брвеница, Липково и сите печати од општина Бутел.

Според генералниот секретар, можно е изборниот материјал што недостигал воопшто да не бил депониран во просториите на ДИК во касарната.