Меѓународен научен собир во МАНУ посветен на Свети Климент Охридски

28.10.2016 11:40

На собирот, што се одржува во време кога одбележуваме 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент, присутни се 40 научници од 10 држави.

Македонската академија на науките и уметностите организираше научен собир – „Милениумското зрачење на Свети Климент Охридски, сесловенски учител, просветител, мисионер и духовник“.

На собирот, што се одржува во време кога одбележуваме 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент, присутни се 40 научници од 10 држави.

Предвидени се две работни сесии „Книжевност, јазик и литература“ и „Историја, теологија, археологија и историја на уметноста“.

На научниот собир учествуваат научни работници од Македонија и научници од Руската Федерација, Чешка Република, Словачка Република, Украина, Република Литванија и Република Бугарија.