Нови 35 стипендии од фондацијата „Трајче Мукаетов“

31.10.2016 14:01

Истовремено беа врачени и еднократни парични награди на најдобрите студенти, првенци на генерацијата на двата факултета.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ денеска ги објави резултатите од јавниот конкурс за доделување 35 стипендии за најдобрите студенти на Факултетите за фармација и медицина на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Претседателот на Фондацијата и генерален директор на „Алкалоид АД“ Скопје, Живко Мукаетов денеска на прес-конференција рече дека годинава во врска со критериумите кои ги има Фондацијата доделуваат 35 нови стипендии, затоа што критериумите и условите ги исполниле 15 студенти од Фармацевтскиот факултет и 20 студенти од Медицинскиот факултет.

Истовремено беа врачени и еднократни парични награди на најдобрите студенти, првенци на генерацијата на двата факултета. Досега оваа фондација, почнувајќи од 2007-ма стипендирала вкупно 344-ца студенти.