ЦИВИЛ: Ветувања и злоупотреби во предизборниот период
Ветувања и злоупотреби во предизборниот период покажало истражувањето на ЦИВИЛ. Според нив, ваквата мерка политичарите ја користат за да добијат повеќе гласови. Таргет група биле граѓаните, но во истражувањето опфатени се невладини организации, синдикати, експерти, политички партии. Според ЦИВИЛ застаршува фактот што граѓаните за ветување или незначителна добивка го газат своетото достоинство.

Удвојување на минималната и просечнаа плата од 30.000 денари. Овие цифри се појавуваат во реториката пред изборите. За економските аналитичари ова се ветувања налик на сите досегашни. Потсетуваат дека вакви проекции се економски неиздржани, нереални. Бранимир Јовановиќ, вели дека голем дел од мерките се нејасни, не кажуваат за колку време ќе биде зголемувањето за една година или за 4 години.
Граѓанскиот сектор пак оценува дека партиите ветуваат, но и го газат човековото достоинство, посебно на оние кои се на работ на егзистенцијата. Истражувањето спроведено од ЦИВИЛ покажало дека генерално граѓаните не им веруваат на политичарите.
Според ЦИВИЛ со овој проект, се надополнува сликата за злоупотребите на социјалната правда за изборни цели, што е предмет на мониторингот на ЦИВИЛ и во другите проекти посветени на изборниот процес.
ЦИВИЛ ги повика политичките партии да се воздржат од коруптивни постапки во тек на изборната кампања. Институциите, регулаторните тела, медиумите, да се ослободат од партиските стеги и да реагираат на злоупотреба на социјалната правда, а граѓаните да гласаат според свое сопствено убедување.
Наташа Јанчиќ
