Партиски натегања за фантомските гласачи

31.10.2016 16:37

Фантомските гласачи од избирачкиот список, повторно тема за партиски препукувања. ВМРО-ДПМНе тврди дека и паднале во вода лагите на опозициската партија. Од СДСМ пак убедуваат дека ДИК едногласно ја утврдила бројката за непостоечки имиња на списокот.

Официјалните податоци на Државната изборна комисија, покажуваат, велат од ВМРО- ДПМНЕ, дека на избирачкиот список има 1.783.215 гласачи или 3.087 повеќе во однос на бројот на гласачи во 2014-та година. Според Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на партијата,  ова значи дека како меур од сапуница ги снемало лагите и тврдењата на СДСМ.

Фантомски гласачи постојат, возвратија од СДСМ. Тоа го утврди Државната изборна комисија, едногласно. Самите утврдија дека над 30.000 имиња на избирачкиот список, фактички не постојат, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на партијата. Доколку постоеја тие луѓе ќе се пријавеа. Над 170.000 наши граѓани, со истите анализи, едногласно усвои од ДИК и членовите на ВМРО- ДПМНЕ, се покажа дека живаеат надвор од Македонија.

Според Тодоров, на 11-ти декември народот ќе гласа против, како што рече, лагите на СДСМ. Според Манчевски, ќе се случи токму обратното зашто, ВМРО- ДПМНЕ и Груевски не ќе можат на овие избори, како што рече, да ги злоупотребуваат лажните идентите како во претходните десет години.

 

Фиљана Кока