Случај „Пуч“: Нов обид за почеток на судењето

01.11.2016 10:11

Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде случајот бидејќи е поврзан со незаконското прислушување. Првообвинет во „Пуч“ е екс разузнавачот Зоран Верушевски.

Во скопскиот Кривичен суд нов обид за почеток на судењето за случајот „Пуч“, во кој како четвртообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според најавите, во судот треба да се појави и Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење  организиран криминал и корупција, а Специјалното  јавно обвинителство го презеде случајот бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.

Првообвинет во „Пуч“ е екс разузнавачот Зоран Верушевски. Обвинети се и неговата сопруга, еден вработен во МВР и функционер од Општина Струмица.

Се товарат за „шпионажа“ и за „насилство врз државни функционери“.