Аграр: Нема штети од утринските мразеви
Утрата станаа постудени, но првите есенски мразеви не предизвикаа штети во земјоделството. Релативно високите дневни температуруи се искористија за работа на полињата, а според метеоролозите вакво време не очекува и во наредните денови.

Со 16 до18 степени на длабочина од 5 сантиметри каде што се наоѓа зрното температурата на почвата е поволна. Исто така има и доволни количества на влага во земјата и тоа во сите земјоделски региони.
Негативни утрински температури во некои места ќе се одржуваат и во текот на оваа недела, кога се очекува постепена стабилизација на времето со ведри ноќи, што ќе овозможи и продолжување на почнатите работи околу есенската сеидба.Дневните температури од 15-17 степени се оптимални за работите на отворено и за поникнување и развој на посевите.
Исто така, сувото време без врнежи од дожд е особено добредојдено и за жетвата на оризот која е во тек.
Најголемиот дел од културите се веќе собрани, остануваат само доцните сорти овошки за кои промената на времето нема влијание и можат да се берат и на пониски температури.
Методија Трајков
