Пакистан: Несреќа на бродоградилиште, има мртви и повредени
Работниците демонтирале стар брод кога експлодирал еден од резервоарите за нафта.

Најмалку 12 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени при експлозија што се случи на бродоградилиште во крајбрежниот град гадани на југозападот на пакистан. Работниците демонтирале стар брод кога експлодирал еден од резервоарите за нафта.
„Кога ја слушнавме експлозијата веднаш истрчавме и видовме дека бродот се запалил. Се приближив и видов како полициските службенции извлекуваат три тела. Отидов од другата страна и видов уште 10, 12 луѓе како лежат. Некои од нив беа повредени“, вели Мухамед Афзал.
По експлозијата избил пожар кој се проширил за многу кусо време. Во огнената стихија останале заробени работници.
„Единствено објаснување за несреќата е дека работниците пресекле нешто запалливо додека користеле апарат со пламен со висока температура што резултирало со експлозија. Извлековме 12 тела. Не известија дека внатре останале заглавени уште стотина други работници“, изјави пожарникарот Саид Актар Јадон.
Спасувачите екипи се на терен и ги транспортираат повредените во болницата во Карачи. Пакистанскиот премиер Наваз Шариф изрази жалење за несреќата и им нареди на властите да ја забрзаат операцијата за спасување.
Гадани е еден од најголемите бродоградилишта во светото основан во 1970-тата година. Честите несреќи, главно се должат на лошите услови и ниски безбедносни мерки.
Бојана Крстевски
