Врховен суд: Јавна седница за случајот „Детонатор“
Адвокатката на Стојчев, којшто е во бегство, рече дека пресудата на Апелацискиот суд била нејасна и дека на Стојчев треба да му биде намалена казната. Обвинителот пак побара од судот да ја одбие жалбата како неоснована.

Во Врховниот суд се одржа јавна седница по жалбата на кочанчанецот Сашко Стојчев, осуден на доживотен затвор во случајот „Детонатор“.
Стојчев се товари дека организирал група која во Источна Македонија вршела изнуди и насилство, а неговото име се поврзува и со лихварство и со обид за убиство.
Адвокатката на Стојчев, којшто е во бегство, рече дека пресудата на Апелацискиот суд била нејасна и дека на Стојчев треба да му биде намалена казната. Обвинителот пак побара од судот да ја одбие жалбата како неоснована.
Врховниот суд може да ја потврди казната, да ја преиначи или предметот да го врати на повторно одлучување.
