ДС: Главна цел на коалицијата се коренити промени
02.11.2016 13:23
Демократскиот сојуз е една од партиите која го иницира формирањето на третиот блок или Коалиција за промени и правда, во која се вклучуваат и партии и граѓански асоцијации со центристичка, десна, но и лева ориентација...

Во Македонија многу тешко можат партиите да се поделат врз основа на нивните програми, коментира Демократскиот сојуз по најавата дека десни партии се подготвуваат за настап на изборите во коалиција.
Демократскиот сојуз е една од партиите која го иницира формирањето на третиот блок или Коалиција за промени и правда, во која се вклучуваат и партии и граѓански асоцијации со центристичка, десна, но и лева ориентација, се вели во соопштението, но главна цел се коренити промени и демонтирање на актуелната власт.
