Придонес кон намалување на климатските промени
Од денеска почнуваат Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје 2016. Настанот е финансиски поддржан од буџетот на Град Скопје, а го организира МАЦЕФ.

Променети над 95 проценти од уличните светилки, економско регулирање на топлинските станици во сите објекти кои се во надлежност на градот. Гасифицирани 4 средни училишта и готови проекти за изградба на уште 7 средни училишта, во сообраќајот се нови автобуси на ЈСП, а ќе се набават и 50 нови електрични автобуси. Ова се само дел од проектите на Град Скопје како придонес кон намалување на климатските промени, истакна градоначалникот Трајановски.
Од денеска почнуваат Деновите на енергетска ефикасност на Град Скопје 2016. Настанот е финансиски поддржан од буџетот на Град Скопје, а го организира МАЦЕФ.
Утре ќе се одржи обука за ефикасна потрошувачка на енергија за раководните лица од објектите под ингеренција на Град Скопје, а во петок на плоштадот „Македонија“ ќе биде организиран Отворен ден за граѓаните.
