Добитник на Оскар пронајден мртов

02.02.2014 20:19

Филип Сејмур Хофман, добитникот на Оскар за најдобра актерска улога во филмот „Капо“ ...

Филип Сејмур Хофман, добитникот на Оскар за најдобра актерска улога во филмот „Капо“ е  пронајден денеска  мртов во неговиот стан во Њујорк.

Смртта за Хофман за магазинот „Инсајдер“  ја потврди њујоршката полиција.

Причината е сеуште непозната, но се знае дека Хофман, инаку 46-годишник, бил зависник од хероин. 

Актерот глумеше и со Том Круз во последниот филм на „Невозможна мисија“ , а Оскарот го доби во 2005-та година.