Поголема транспаретност на институциите

02.11.2016 14:37

Со политичка волја на власта и иницијативи на граѓаните може да се обезбеди поголема транспаретност на институциите- тврдат надлежните и невладиниот сектор. Јавни услуги, отворени податоци, спречување корупција, фискална транспарентност, ги посочија како дел од приоритетите на кои треба да се работи и во наредните години.

Напредок во транспарентноста има, но сѐ уште постои тенденција на тајност на податоци од институциите кон јавноста. Со политичка воља на власта и упорност на граѓаните за остварување на нивните права може да се надминат проблемите- оценуваат надлежните и невладиниот сектор.

„Партнерите на граѓанските ораганизации се државните службеници, а не политичарите, и тие се доста отворени, и со залжбите кои ги изпреговарвме во третиот акциски план, имаат цел да го унапредат доброто владеење“, посочува Марија Ристовска, директор на Центарот за истражување и креирање политики.

Отворени податоци, спречување корупција, добро владење, отвореност на локално ниво- лоцирани приоритети за работа во третиот акциски план. Од Владата тврдат, се базираат на принципите на одржлив развој.

„Заедно со бинис заедницата акдемска заедница и невладиниот сектор, ги лоцираме предизвиците што престојат. Се фокусираме на климатските промени, борба против корупцијата, фискалната транспарентост“, посочува Тимчо Муцински, заменик- министер во МИОА.  

Одржливите цели за развој бараат отчетни и инклузивни институции и добро владеење на правото, но сѐ уште има тајни податоци, мерките мора да се применуваат- предупредуваат од УНДП.

„Одредени наоди на процесот зборуваат дека сѐ уште постои тенденција за тајност на информациите, во таа смисла и граѓанското општество се залага за поголема транспарентност и пристап до информации на граѓаните во рамки на отвореното владино партнерство“, изјави Луиза Винтон, преставник на УНДП во Македонија.

Глобалната иницијатива Отворено владино партнерство, во Македонија се спроведува пет години, иницира многу можности за соработка помеѓу државните институции и граѓанските огранизации во насока на транспарентност.

 

Сузана Фиданска- Стоевска