Спасовски на средба со Ромски невладини организации
На средбата договориле да има укажување на начинот на постапување на граничните премини за недискриминација по однос на полот, расната, политичката, верската и друга припадност.

Ромски невладини организации од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побарале да не бидат дискриминирани од страна на граничната полиција при излез од државата.
На средбата договориле да има укажување на начинот на постапување на граничните премини за недискриминација по однос на полот, расната, политичката, верската и друга припадност.
Со тоа ќе се придонесе, како што рече Спасовски, да не се руши угледот, честа и достоинството на никој граѓанина на Република Македонија, а би се намалиле и судските спорови за дескриминација.
Во моментот има 41 судски спор од овој тип.
