Подметнат пожар врз џип на бизнисмен
Трисетина минути по полноќ, биле опожарени две возила на паркингот на улицата „Видео Смилески Бато“ во скопски Аеродром. Запален е џип со скопски регистраски таблички на познат угостител, сопственик на синџир ресторани за брза храна. Како последица на пожарот на џипот, било оштетено уште едно возило. Сопственикот се сомнева на лица што подолог период му се заканувале и од него барале рекет.

Полициска екипа го обезбедуваше теренот додека инспектори од крим- техника вршеа увид. Ова е сликата од претпладнето во скопската населба Ново Лисиче. Џипот што беше запален синоќа има оштетувања на предниот дел. Од пожарот е оштетено уште едно возило.
Повредени нема. Соседите од околните згради велат дека синоќа не забележале ништо.
Опожареното возило е со скопски регистарски таблички на познат угостител, сопственик на синџир ресторани за брза храна.
Сопственикот на џипот не сакаше јавно да зборува за настанот, но зад камерите вели дека се сомнева на лица што подолг период му се заканувале и од него барале рекет. Полицијата изврши увид, но детали како и зошто е опожарено возилото на познатиот угостител засега нема. Нема информации колкава е штетата.
Андријана Атанасовска
