Инвеститорите сами ја уриваат доградбата на зградата во центарот на Скопје
Се урива доградбата на зградата на улицата „Никола Вапцаров“, каде еден од инвеститорите е претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Инвеститорите сами се решиле за ваков чекор, за општината- ова е своевидно признание за нелегалноста на доградбата.

Во строгиот центар на Скопје, на Никола Вапцаров бр. 6, работници уриваа два ката од објектот, каде еден од ивеститорите е претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Според адвокатот на инвеститорите, тие решиле објектот да го вратат во првобитна состојба како пред издадените одобренија од општина Центар. Правниот застапник вели дека неговите клиенти се жртви на постапувањето од Општината.
Адвокатот рече дека се чека решението на второстепена комисија треба да реши кој е во право. Од Општина Цнетар не биле известени за уривањето. Велат во тек е доброволно извршување на донесното решение. Претставникот на општината рече дека инеститорите немаат дозвола за градба, нивното одобрение е за реконструкција на постојниот објект.
Два ката се легални, два се нелегални утврди неодамна Општината. Инвеститорите тврдат дека за овој предмет се постапувало побрзо од другите спорни градби во Центар, додека од локалната самоуправа објаснуваат дека никој не се дрзнал досега да гради во строгиот центар без дозвола.
Наташа Јанчиќ
