ОБСЕ/ОДИХР го започнува набљудувањето за изборите

03.11.2016 08:27

Каетана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, по тој повод на прес-конференција ќе ја претстави улогата на Мисијата и претстојните активности.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска официјално ќе го започне набљудувањето за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември. 

Каетана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, по тој повод на прес-конференција ќе ја претстави улогата на Мисијата и претстојните активности.

Де Зулуета, неодамна е назначена за шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија на местото на амбасадорот Јан Петерсен, кој требаше да биде на чело на мисијата за претходните термини на изборите, што беа одложени.