Лиценци за нови проценители на тутун

03.11.2016 09:56

За да можат да бидат присутни на секоја вага за време на откупот на тутунот, проценителите мора да имаат лиценци. Оние кои годинава за прв пат ќе вршат проценки почнаа со полагањето теоретски и практичен дел за проверка на нивната стручност.

Почнуваат испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот. Годинава кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе се проверуваат теоретски и во практиката.

Со досегашните лиценцирани, вкупно, оваа сезона за откупот на вагите има скоро 1.700 проценители. Според Законот, на секоја вага мора да има по еден проценител од страна на откупувачот и еден од тутунско здружение.

Комисијата за мострите до 13 ноември треба ја заврши работата и да ги достави примероците, а до 15 декември до кога според законот е последниот рок за почеток на откупот, монополите ќе можат да ги отворат вратите за превземање на родот.

Годинава се очекува производство од околу 25.000 тони суров тутун или за 5.000 до 6.000 тони повеќе од лани.

 

Методија Трајков