Рига: Средба меѓу македонскиот и кинескиот премиер
Димитриев ги претставил условите за инвестирање во земјава и смета дека има простор за кинеските компании да вложат во земјава, да отворат свои капацитети и нови работни места.

Пред почетокот на петтиот Самит на земјите од Средна и Источна Европа со Кина во Рига, средба меѓу македонскиот и кинескиот премиер, Емил Димитриев и Ли Кечијанг.
Двете страни ги оцените добрите билатерални односи како гаранција за унапредување на економската соработка. Димитриев ги претставил условите за инвестирање во земјава и смета дека има простор за кинеските компании да вложат во земјава, да отворат свои капацитети и нови работни места.
Имавме одлична билатерална средба со кинескиот премиер. На средбата заеднички ги потенциравме добрите билатерални односи меѓу нашите две држави. Република Македонија е прва земја од форматот 16 плус една земја од Средна и Истона Европа што искористи средства од Фондот на Кина во овој формат за финансирање проекти од областа на патната инфраструктура. Проектите се во завршна фаза и се најдобра основа за понатамошна соработка во делот на економијата за што на кинескиот премиер му пренезентирав проекти во различни области од економската сфера, посочи Димитриев по средбата.
Како дел од активностите на маргините на Самитот на земјите од Средна и Источна Европа со НР Кина во Рига, премиерот Димитриев и владина делегација, денеска остварија средба со менаџерскиот тим на кинеската компанија „Хуавеи“ за Средна и Источна Европа и за Скандинавија, со оглед на тоа што компанијата „Хуавеи“ е реализатор на донациите на кинеската Влада од областа на информатичко-комуникациските технологии за овие земји.
