Француската амбасада во Атина нападната со рачна граната

10.11.2016 10:21

Во нападот, еден од полицајците бил полесно ранет, полицијата трага по напаѓачите.

Рано изутрината две лица на мотоцикл фрлиле рачна граната врз полицискиот пункт пред Француската амбасада во Атина. Во нападот, еден од полицајците бил полесно ранет, полицијата трага по напаѓачите.

Една од централните улици на Атина е затворена. Властите ги прегледуваат видео снимките од безбедносните камери по околните згради, како и од сведоштвата на полицајците, кои се наоѓале наспроти влезот на грчкиот Парламент.