Багдади стравува дека ќе биде убиен во Мосул
10.11.2016 11:11
Пораката ја пренесе медиумската мрежа на оваа терористичка група, а идентитетот на потенцијалниот лидер ќе остане скриен бидејќи би можел да предизвика бунтовнички став во рамки на организацијата.

Водачот на Исламска држава Абу Бакр Ал Багдади откри дека стравува дека ќе биде убиен во Мосул поради што го поставил својот прв заменик да го преземе водството доколку тој е убиен.
Пораката ја пренесе медиумската мрежа на оваа терористичка група, а идентитетот на потенцијалниот лидер ќе остане скриен бидејќи би можел да предизвика бунтовнички став во рамки на организацијата.
Американската влада понуди награда од 10 милиони долари за каква било информација за Багдади која би можела да доведе до негово апсење или смрт.
