Русија: Украински агенти планирале напад на Крим
10.11.2016 11:31
Понатаму се наведува дека биле запленети и експлозивни средства и оружје, а за групата се тврди дека е составена од тајни агенти на украинското Министерство за одбрана.

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека уапсила група саботери за кои тврди дека планирале напади на воени цели на Крим.
Понатаму се наведува дека биле запленети и експлозивни средства и оружје, а за групата се тврди дека е составена од тајни агенти на украинското Министерство за одбрана.
РИА Новости пишува дека уапсените планирале напади на воени објекти на Крим, но и на инфраструктура која е од суштинско значење за цивилите.
