„Повелба на Република Македонија“ за Асоцијацијата на здруженија на инеженери

10.11.2016 16:45

Претседателот Иванов ја награди Асоцијацијата на здруженијата на инеженери. Го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ за постигнатите резултати во оваа област.

Новата епоха на технолошки пронајдоци носи предизвици и за Македонија која доколку сака да држи чекор со светските развојни трендови треба да биде генератор на образовна и креативна научна и инженерска сила. Претседателот Иванов со порака до македонските инженери на Меѓународниот ден на науката.

„Не е доволно Македонија да биде само корисник на научните пронајдоци и техничките решенија од светот. За да можеме да обезбедиме раст на нашата економија и напредок на нашето општество, потребно е и ние да сме дел од тие решенија“, рече Иванов.

Подобри закони, создавање услови за задржување на младите, изградба на нови стратешки објекти – патишта, фабрики и електрани, енергетски ефикасни згради. Ова, според инженерите, се клучните фактори за економски развој на земјава.

Дека инженерската професија е се повеќе атрактивна, доказ е големиот број на запишани студенти на овие факултети, вели професорот Алексовски. Тврди дека во земјава нема невработени градежни инженери.

По повод меѓународниот ден на науката претседателот Ѓорѓи Иванов и додели Повелба на Република Македонија на Инженерската институција.

 

Дијана Ценевска