Панчевски ги отфрлил наводите од пријавата и поднел кривична пријава за Џолев
Обвинителството за организиран криминал го повика Панчевски да даде исказ, откако судијата Џолев против него поднесе кривична пријава за „Примање награда за противзаконско влијание“.

Претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски дал исказ во Јавното обвинителство, каде бил повикан на распит по пријавата од колегата Иван Џолев, информираат од судот.
Панчевски ги отфрлил наводите од пријавата како неосновани и истовремено поднел кривична пријава за судијата Џолев за „Лажно пријавување на кривично дело“.
Обвинителството за организиран криминал го повика Панчевски да даде исказ, откако судијата Џолев против него поднесе кривична пријава за „Примање награда за противзаконско влијание“.
Панчевски вели дека за сите понатамошни случувања јавноста ќе биде навремено информирана.
