Пронајден леш во распаѓање во близина на македонско-српската граница
11.11.2016 13:28
Полицијата денеска соопшти дека лешот е најден вчера во 09:40 часот на околу 20 метри од државната граница во македонска територија.

Леш во фаза на распаѓање е пронајден во реонот на селото Стража во близина на македонско-српската граница.
Полицијата денеска соопшти дека лешот е најден вчера во 09:40 часот на околу 20 метри од државната граница во македонска територија. Полициски службеници од ОДГ „Белановце“ се упатиле на местото и пронашле човечки череп.
Поради непристапност на теренот, односно отежнато движење со возила и стемнување, за денеска е закажан увидот на местото на настанот.
