Откупот на тутунот може да почне

14.11.2016 09:58

Годинава тутунот е со добар квалитет, но родот нема да ги задоволи потребите на откупувачите. Се очекува берба од 18.000 до 19.000 тони или приближно како лани. Десетте монополи склучијa 30.000 договори со тутунaрите и сакаат да купат 26.000 тони суров тутун.

Мострите се готови и се доставуваат до сите откупувачи со што откупот може да почне.

Според законот на секој пункт на видно место треба да се истакнат примероци од мострите од сите типови тутун. Годинава за превземање на тутунот ќе има скоро 1.700 лиценцирани проценители. На секоја вага треба да има по еден претставник од откупивачот и од тутинското здружение.

Ако монополите доцнат со откупот треба да организираат дополнителни термини за навреме да ги преземат договорените количества.

Доколку има забелешки на првичната проценка за спорниот тутун се чека дополнителен увид на второстепената комисија.

Секој монопол е должен да води електронска евиденција за време на целиот откуп.

Според законот последниот рок за почеток на откупот е 15 декември, но според најавите годинава тој ќе почне многу порано.

 

Методија Трајков