Нови цени: Горивата поевтинуваат за 3 денари
Малопродажните цени на горивата во просек се намалуваат за 6,6 денари, како резултат на поевтината сурова нафта на светските берзи, како на курсот на денарот во однос на доларот

Цената на горивата од полноќ се намалува за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Литар Еуросупер 95 ќе се точи за 60 денари, 98 октанскиот бензин за 62 денара, цената на литар дизел ќе изнесува 47 денари, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува на 35,5 денари. За 2,6 денари за килограм поевтнин и мазутот.
Малопродажните цени на горивата во просек се намалуваат за 6,6 денари, како резултат на поевтината сурова нафта на светските берзи, како на курсот на денарот во однос на доларот, кој бил понизок од претходниот референтен период.
ЕУРОСУПЕР БС-95 60 ДЕН/Л
ЕУРОСУПЕР БС-98 62 ДЕН/Л
ЕУРОДИЗЕЛ БС 47 ДЕН/Л
МАСЛО ЗА ГОРЕЊЕ 35,5 ДЕН/Л
МАЗУТ 21,947 ДЕН/КГ
