За 20% намалена продажбата на зелените пазари
14.11.2016 13:14
Во многу градови низ Македонија, вклучително и Скопје, во фаза е реконструкција, обнова, па дури и изградба на нови пазари.

Пад на продажбата на зелените пазари во Македонија од околу 20% откако големите супер маркети активно го тертираат сегментот на мини зелени пазари во рамки на своите објекти, велат од Стопанската комора.
Сепак, велат дека ова не е проблем само во нашата земја туку насекаде во регионот. Во многу градови низ Македонија, вклучително и Скопје, во фаза е реконструкција, обнова, па дури и изградба на нови пазари.
Пазарите имаат идеи, нудат решенија и проекти, но модернизацијата е комплексен процес, истакнуваат од Стопанската комора.
