Развој на претприемништвото за прогрес на локалната економија
По 11-ти пат во земјава се одбележува Европскиот ден на претприемачот и по деветти пат Денот на малите и средните фирми. Годинава во фокусот е вклучувањето на жените во бизнисот и претприемништвото, како и зголемувањето на нивното присуство во управните и надзорните органи во компаниите. Европска цел е до 2020 година тие да достигнат 40% застапеност во управувачките функции во водењето бизнис.

Претприемништвото е единствен начин за прогрес на една локална економија која има сериозен број невработени и има намера да го поттикне економскиот развој. Во земјава има повеќе програми преку кои се поттикнува самовработувањето, на идните претприемачи им се даваат одредени финансиски средства како поддршка за да ги надминат почетните проблеми во бизнисот, велат од Европската бизнис асоцијација.
„Идејата на овој проект е на европско ниво да се даде поттик на претприемништвото како единствен начин за прогрес на една локална економија. Особено е битно претприемништвото за Р. Македонија затоа што со овој број невработени сметаме дека единствен излез за надминување на овие потешкотии во поглед на вработувањето, растот на македонската економија е агресивно вртење кон претприемништвото“, вели Димитар Ристовски, извршен директор на Европската бизнис асоцијација.
Во земјава по 11-ти пат се одбележува Европскиот ден на претприемачот и по деветти пат Денот на малите и средните фирми. Годинава во фокусот се вклучувањето на жените во бизнисот и претприемништвото, како и зголемувањето на нивното присуство во управните и надзорните органи во компаниите
„30% жени се основачи на приватни компании во кои основачкиот влог е над 50 насто, меѓутоа тоа се пред се микро претпријатија,најчесто семеен бизнис каде што нема многу вработени. Околу 10 % се вработени во тој дел, меѓутоа ние се залагаме жените да ја најдат својата раководна функција, односно да одлучуваат во големите компании“, изјави Ленче Угриновска, ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери.
Од Европскиот економско- социјален совет со порака да се искористи човечкиот капитал кој има голема вредност, а претприемачките идеи да се поддржат.
„Има толку многу потенцијал во Македонија. Луѓето навистина имаат одлични идеи кои можат да ја придвижат заедницата, за да се намали сиромаштијата, да се одговори на климатските промени, да се воведат ноив технологии. Претприемништвото е вредност на човечкиот капитал, а Македонија има солиден човечки капитал и затоа е важно женското и младинското претприемништво“, смета Мади Шарма, член на Европскиот економски и социјален совет.
Според истражувањата најтешко им е на жените во руралните подрачја затоа што само 2% од нив имаат земја на нивно име, а 4% располагаат со финансиски средства за работа. Затоа е потребна нивна едукацицја и охрабрување да влезат во бизнисот и во претприемничките води, порачуваат од Здружението на жени менаџери.
Свето Николовски
