Светски ден на толеранцијата

16.11.2016 13:33

Историјата не учи дека на овие простори отсекогаш живееле луѓе со различна национална, етничка и религиозна припадност, кои долги периоди живееле во мир, заемно разбирање, соработка, толаеранција

Да се почитуваат различностите, да се работи на подигнувањето на свеста за почитување на човековите права, секој во општеството да придонесува за безбеден живот без насилство, омраза, непочитување и понижување, е главната порака на Светскиот ден на толеранцијата, која што беше упатена од конференцијата што се одржа во МАНУ.

Според претседателот на МАНУ, Таки Фити, Македонија е млада, кревка демократија и затоа е многу значајно да се работи на проблематиката на толеранција, да се негува и развива толеранцијата бидејќи таа може голем дел од овие проблеми да ги релативизира.

Историјата не учи дека на овие простори отсекогаш живееле луѓе со различна национална, етничка и религиозна припадност, кои долги периоди живееле во мир, заемно разбирање, соработка, толаеранција, вели Фити.