Исламска држава го уништи древниот град Нимруд
17.11.2016 10:17
Ирачката војска ја презеде контролата врз оваа колевка на цивилизациите од рацете на џихадистите. Со експлозиви успеале да ги уништат речиси сите историски споменици.

Исламска држава го уништи древниот град Нимруд во Ирак. Пред три дена, ирачката војска ја презеде контролата врз оваа колевка на цивилизациите од рацете на џихадистите. Со експлозиви успеале да ги уништат речиси сите историски споменици.
„Имавме задача да го ослободиме Нимруд и за среќа успеавме. Операцијата беше добро планирана, но екстремистите уништија се. Тие немаат историја и вера. Целта им е да предизвикуваат штета во светот, не само во Ирак“, вели Садик Мана, полковник во ирачката војска.
Нимруд бил главен град на Асирија и е формиран пред 3.300 години.
