Состанок на Заедничкиот комитет на региони на ЕУ и Република Македонија

17.11.2016 10:22

Првиот дел ќе биде посветен на прашањата околу проширувањето на Унијата, како и на последниот извештај за напредокот на Македонија. Ќе се говори за улогата на локалните власти во тој процес...

Во организација на ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа и Комитетот на региони на ЕУ, денеска во Скопје ќе се одржи заеднички консултативен состанок.

Првиот дел ќе биде посветен на прашањата околу проширувањето на Унијата, како и на последниот извештај за напредокот на Македонија. Ќе се говори за улогата на локалните власти во тој процес, а во вториот дел ќе се дискутира околу јавните набавки и прашањето за транспарентното трошење на локалните буџети.

Заедничкиот консултативен состанок се применува од 2008-ма, а го сочинуваат 22 члена на еднаква основа.