Саем за колеџи во САД

17.11.2016 10:25

Дваесет претставници од заедницата на амбасадата, ќе имаат презентации за повеќе од 30 различни универзитети во САД, што тие ги посетувале...

Во чест на Меѓународната недела на образованието, во организација на Амбасадата на САД во Македонија, во Националната библиотека „Свети Климент Охридски“ денеска ќе се одржи третиот годишен Саем за колеџи во САД.

Дваесет претставници од заедницата на амбасадата, ќе имаат презентации за повеќе од 30 различни универзитети во САД, што тие ги посетувале, а ќе бидат на располагање и да одговараат на прашања за високото образование во САД.