Спречен шверц на 54 килограми марихуана на „Ќафасан“
17.11.2016 10:29
Дрогата била откриена во камион марка „ДАФ“ при излез од Република Албанија, а 41-годишниот возач бил уапсен.

На граничниот премин „Ќафасан“ на Албанско- македонската граница, кај Струга, албанските гранични органи спречиле шверц на 54 килограми марихуана.
Дрогата била откриена во камион марка „ДАФ“ при излез од Република Албанија, а 41-годишниот возач бил уапсен.
При прегледот, скенерот открил 70 пакети марихуана скриени во приколката.
