Над 80 жртви во воздушните напади врз Алепо

17.11.2016 10:30

Во борбите кои траат веќе два дена се уништени многу болници и згради.

Над 80 луѓе загинаа, а десетина се повредени во воздушните напади на сириската авијација во источниот дел на Алепо. Во борбите кои траат веќе два дена се уништени многу болници и згради.

Американското министерство за надворешни работи ги осуди воздушните напади врз Алепо.

Руското министерство за одбрана нагласи дека нивните авиони немаат никакви активности веќе 28 дена над Алепо.