ЕУ предупреди осум членки за големите буџетски дефицити
17.11.2016 10:46
Предлог-буџетите на Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Кипар, Литванија, Словенија и Финска, носат ризик од неусогласеност со барањата за 2017-та година, се вели во соопштението на Комисијата.

Европската комисија предупреди дека предлог- буџетите на Италија и на уште седум други членки на Еврозоната, ризикуваат да ги прекршат прописите на Европската унија.
Предлог-буџетите на Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Кипар, Литванија, Словенија и Финска, носат ризик од неусогласеност со барањата за 2017-та година, се вели во соопштението на Комисијата.
Забавениот стопански раст и зголемената неизвесност поради „брегзитот“ и изборите во САД, ги загрозуваат европските економии, соопшти комисијата во Брисел.
