Општина Центар: Доградените два ката во зградата на Панчевски се дивоградба
Од Центар велат забелешките на Комисијата биле од формално-правен карактер и се отстранети од страна на инспекцијата на општината, при што е потврдено претходното решение за отстранување на дивоградбата, односно на третиот и на четвртиот кат, како и на дел од поткровјето, кои отстапувале од основниот проект.

Општината Центар информира дека постапила по забелешките на Државната комисија за одлучување во втор степен за доградбата на зградата на улицата „Никола Вацаров“ во центарот на Скопје, каде еден од инвеститорите е претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Од Центар велат забелешките на Комисијата биле од формално-правен карактер и се отстранети од страна на инспекцијата на општината, при што е потврдено претходното решение за отстранување на дивоградбата, односно на третиот и на четвртиот кат, како и на дел од поткровјето, кои отстапувале од основниот проект.
Од Центар велат дека Владимир Панчевски е сосопственик на две четртвини од објектот, а другите двајца инвеститори имаат по една четвртина.
