Одложен судскиот процес за протестите во Општина Центар
Предметот којшто го води СЈО, а требаше да стартува во понеделник се одлага по барање на адвокатот Никола Додевски, поради негов ангажман во дводневна работилница на којашто се јавува како организатор, информираат од судот.

Судскиот процес за протестите во Општина Центар се одоложува за 16-ти декември, информираат од Кривичниот суд. Предметот којшто го води СЈО, а требаше да стартува во понеделник се одлага по барање на адвокатот Никола Додевски, поради негов ангажман во дводневна работилница на којашто се јавува како организатор, информираат од судот.
Оттаму велат дека од вкупно 14 обвинети, за двајца се уште нема повратница дека го примиле обвинителниот предлог и поканата да се јават на рочиштето, па затоа судот одлучил главната расправа да се одложи.
Поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се товарат за поттикнување на насилство. Демонстрантите ја демолираа општинската града во Центар за време на протестите во 2013-та година.
