Во ДИК жребување за редоследот на избирачките листи
Партиите и коалициите веќе се подготвуваат за митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кампањата ќе ја започне традиционално во Охрид, СДСМ и коалициските партии во Прилеп, ДУИ во Липково.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе спроведе жребување за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
Граѓаните на 11-ти декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.
Во понеделник на 21-ви ноември почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе заврши на 9 декември.
